Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Адем Мекиќ и следната сезона ќе игра во Задар. 

Мекиќ во тимот на Задар дојде во средината на март месец, минатата сезона. Тоа беше причината поради која немаше право на настап во АБА лигата. Сепак во Хрватската лига, Адем имаше голема заслуга за освојувањето на шампионскиот трофеј.

„Среќен сум што останувам и што ќе продолжам да работам со тренерот Данијел Јусуп и со повеќето играчи со кои ја делев соблекувалната минатата сезона. Нема пари што може да ја замени радоста за освојување на титулата хрватски шампион во полн Вишњик. Возбуден сум и среќен што повторно ќе играм пред навивачите на Задар и со играчите кои станаа мои пријатели. Иако бев во Задар само два и пол месеци, многу се врзав за градот, луѓето и клубот“, изјави Адем Мекиќ по договорот со клубот.

Инаку Адем Мекиќ, нема за биде дел од олимписките квалификации што ќе ги игра македонската репрезентација.

Како што реле селекторот Јончевски, Мекиќ е еден во низата репрезентативци кои се повредени, и кои ќе го прескокнат турнирот во Талин.