,Димитар Грабул е првак на Македонија за 2023 година и по пауза од шест години повторно ја освои титулата.

По пауза од три години за Грабул ова беше 13-то финале, во кое ја освои  седмата титула (2023, 2016, 2015,2014, 2007, 2006, 2003, 2023).

Грабул беше поуспешен од Шендрит Деари, кој го играше своето шесто финале, но поради повреда го предаде финалниот меч.

Грабул водеше со 1-0 во сетови (61) и 3:0 во вториот сет, кога поради повреда Деари го предаде мечот. По одигрувањето на третиот гем во вториот сет, Деари доби и медицинска помош, но во продолжението одигра само два поена.

Финалистот Деари повредата на грбот ја доби на вчерашниот полуфинале меч против Стефан Мицов.

До шампионската титула Грабул постигна пет победи: Марко Стоилковски (1.коло), Петар Пројковски (2.коло), Томислав Јотовски (1/4 финале), Иван Манасов (1/2 финале) и Шендрит Деари (финале).