Македонската младинска репрезентација, денеска ќе го одигра шестиот натпревар на Европското првенство, за ракометарки до 19 години, што се одржува во Романија.

Откако не избори место во главната фаза, а потоа загуби и од Норвешка и Србија, македонските ракометарки сега ќе се борат за пласман од 13-то до 16-то место.

Првиот натпревар црвено-жолтите ќе го игра денес против Исланд. За разлика од нашата селекција, Исланд кој играше во групата 3, успеа да се израдува на една победа.

По поразот од Холандија (26:32) Исланд во вториот натпревар ја победи Хрватска со 26:35.

Има ли доволно мотив кај нашата селекција конечно да се оствари првата победа, останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 12 часот?

Утре, нашите младинки играат со репрезентацијата на Хрватска.

Ивона Кимовска