Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва го игра својот четвртфинален меч против Велика Британија на европскиот шампионат Б дивизија што се одржува во Скопје.

Нашите надежи успешно ја завршија првата фаза и како првопласирана екипа во групата влегуваат во борбата за медалите и места кои носат промоција во „А“ Дивизијата“.

Македонската младинска селекција со три победи (Словачка, Бугарија и Ирска) и еден пораз (Чешка) заврши како прво рангирана во А групата. Со тоа црвено-жолтите ја добија второ пласираната репрезентација од Б конкуренцијата, Велика Британија, за противник во четвртфиналето.

Според селекторот Василев сите кошаркари се максимално подготвени за наредните предизвици, а посебно за Велика Британија, екипа која физички е многу силна и подоминантна во однос на нас, тим во кој сите трчаат 40 минути. Тој смета дека клучот за успехот ќе биде само во добра одбрана.

Нашата цел кое води во А дивизијата е победа над Островјаните, која пак во полуфиналето би ни го донел подобриот од дуелот меѓу Холандија и Украина.

Овие натпревари ќе се играат во СЦ „Кале“, додека другите два четвртфинални дуели, кои практично ќе го дадат и вториот полуфинален пар, ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (петок – 14 јуни)
18.30 Македонија – В. Британија СЦ Кале
18.30 Португалија – Чешка СЦ Борис Трајковски
21.00 Холандија – Украина СЦ Кале
21.00 Шведска – Швајцарија СЦ Борис Трајковски

ПОЛУФИНАЛЕ (сабота – 15 јуни)
Македонија / В. Британија – Холандија / Украина
Португалија / Чешка – Шведска / Швајцарија

НАТПРЕВАРИ ЗА МЕДАЛ (недела – 16 јуни)
за 3-то место
финале