Во село Глуво, општина Чучер Сандево ќе се одржува еден од најголемите турнири во мал-фудбал. 

Во чест на легендарниот вардаров фудбалер „Љубомир Рајчевски – Рајче“, по 17-ти пат во ова скопско село, се организира меморијалниот турнир. Љубителите на фудбалската игра ќе може да уживаат и богатата забавна програма која ќе биде дел од 45-дневното дружење.  

На турнирот ќе учествуваат 24 екипи поделени во 4 групи, а ќе бидат одиграни без малку 150 натпревари.

Почнувајќи од утре (петок – 14 јули) од 20 часот, ќе се играат четири натпревари во ден. Само двете последно пласирани нема да обезбедат пласман во разигрувањето односно осминафиналето. 

Организациониот одбор, се погрижи да обезбеди и одличен награден фонд за трите првопласирани екипи во вкупна вредност од 300.000 денари. 

Како што самите мештани велат GLUVO-WOOD“  е подготвен, дојдете да се забавувавме.