Од денеска на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат мечевите во поединечното државно првенство на Македонија во двете конкуренции.

Кај мажите пријавени се 29 тенисери, а кај жените 10.

Кај мажите во првото коло тројцата први носители Стефан Мицов, Томислав Јотовски и Елдин Хусеиновиќ се слободни. Во првото коло ќе се одиграат 13 мечеви.

Во женска конкуренција во првото коло ќе се играат два меча. По одигрувањето на овие мечеви ќе следуваат и мечевите во конкуренција на двојки.

Распоред на мечеви по терени:
Терен број 5:
Филип Атанасовски – Кристијан Јанев
Димитар Грабул – Марко Стоилковски
Шендрит Деари – Драган Стојчевски
Дамјан Домазетовски – Максимилијан Алексовски

Терен број 6:
Петар Пројковски – Андреј Саздовски
Максим Тренески – Дарко Колески
Филип Митевски – Берк Бугариќ
Јана Божиновска – Катја Ивановска

Терен број 7:
Бодан Трпески – Андреј Тасевски
Иван Манасов – Михаил Кусески
Иван Ѓуричиќ – Борјан Стефановски
Ана Митевска – Ивана Милкова

Терен број 8:
Амар Хусеиновиќ – Бојан Трајков
Филип Стојановски – Бесир Дургути
Благој Темелков – Александар Илиоски