Најдобриот македонски кошаркар во моментов, Ненад Димитриевиќ останува во екипата на Уникс Казан. Популарниот Нено, потпиша нов две годишен договор со руската екипа. 

Димитриевиќ кој како позајмен играч од Валенсија минатата сезона настапуваше во Уникс со кој ја освои титулата во ВТБ лигата, а беше прогласен и за најкорисен играч на финалето (МВП), официјално останува играч на руската екипа. 

Ова е потврдено од самиот тим, како и менаџерот на македонскиот репрезентативец, Мишко Ражњатовиќ.

Повеќе од јасно е зошто Уникс инсистираше Нено и во наредните две (2) години да биде лидер во руската екипа, имајќи ги во предвид неговите настапи и учинок во текот на целата минатогодишна сезона.