Најдобро рангираниот светски тенисер, Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на Вимблдон. Младиот Шпанец по 2а часа и 33 минути игра го совлада Французинот, Александре Милер со 3:0, по сетови 6:4, 7:6 (2), 6:3.

На фаворизираниот Алкараз му требаше еден брејк за да го освои првиот сет, а Шпанецот го направи во „фаталниот“ седми гем. Во вториот сет и двајцата тенисери го спасија сервисот, а одлуката беше решена дури по тај-брејкот во кој Алкараз му дозволи само два поени на противникот.

Алакараз продолжи со квалитетна игра и во третиот сет, особено при неговиот сервис, па и тој сет му пропадна на првиот носител во Лондон со 6:3, за пласман во 3-тото коло.

Таму противник ќе му биде подобиот од мечот Џејсон Кублер – Николас Јари кој е во тек.

Во мечот на двајцата носители, 17-тиот Хубер Хуркач од Полска со 3:0 го совлада 14-тиото Лоренцо Мусери и се пласира во следната рунда во која место изборија и (6-носител) Данецот, Руне, (8) Синер од Италија и (31) Шпанецот, Фокина.

Од фаворитите попладнево свој настап ќе имаат вториот Новак Ѓокович кој ќе игра со Швајцарецот, Вавринка и 7-от Русинот, Андрек Рубњев кој за противник го има Гофин од Белгија.