Српскиот репрезентативец и поранешен играч на ЦСКА Москва, Дејан Давидовац се врати во Црвена Звезда, соопшти од клубот.

Давидовац кој минатата сезона беше еден од клучните играчи на московскиот тим предводен од македонскиот стратег Емил Рајковиќ, денеска потпиша договор на три сезони и со тоа се враќа во клубот со кој освои дури 10 трофеи.

Давидовац професионалната кариера ја започна во Пролетер во 2011 година, а во периодот од 2012 до 2015 година беше член на Вршац. Во Звезда пристигна во 2015 година, каде беше член седум години, а во Мага мина две сезони како позајмен играч.

Минатата година ја засили ЦСКА од Москва, а по само една сезона се врати во редовите на „црвено-белите“ кои прават конкурентен тим за новата сезона во Евролигата.