Норвешкиот тенисер Каспер Руд в недела ќе игра во финалето на Ролан Гарос против Новак Ѓоковиќ. Ова е откако Норвежанецот за нешто повеќе од 2 часа, а по само три одиграни сета го совлада Германецот, Александер Зверев.

Руд направи два брејка во првиот сет, еден повеќе од Германецот и тоа беше доволно да го совие сетот со 6:3. Во вториот сет беше доволен само еден брејк, тоа се покажа доволно за Норвежанецот да поведе со 2:0 добивајќи го сетот со 6:4..

Во третиот Зверев едноставно се предаде, па Руд го заврши стото без загубен гем со 6:0.

Со тоа Руд го повтори успехот од минатата сезона кога играше и во финалето на Ролан Гарос, но беше поразен со 3:0 од Рафаел Надал. За Норвежанецот ова е трето Грен слем финале во кариерата, а се уште нема ниту еден трофеј.

Задачата да стигне до првиот ќе биде исклучително тешка бидејќи против себе ќе го има Новак Ѓоковиќ кој пак ќе атакува на апсолутниот рекорд, односно 23-тиот трофеј од Гренд слем турнирите.