Ракометниот тим на Прилеп следната сезона ќе го засили својот состав со искусниот лев бек, Никола Цветановски. Тој потпиша договор за две сезони со клубот.

Претходната сезона, Никола Цветановски беше член на екипата на Струга, каде се истакна како еден од најдобрите стрелци во тимот. Тој исто така има играно за екипите на Голден Арт и Вардар Јуниор.

За екипата на Прилеп, ова е првото засилување за наредната сезона, што докажува амбициозност и желба за подобрување.

Додека пак крилото Христи Бикоски и голманот Иван Ангелески ги продолжија договорите.

Со продолжувањето на договорите на Бикоски и Ангелески, Прилеп ќе продолжи во следната сезона со искусни и квалитетни играчи, што може да им осигура успех во претстојната сезона.

Ивона Кимовска