Кошаркарите на Денвер направија „ри-брејк“ кај Мајами во третиот натпревар од финалната серија на НБА лигата и поведоа со 2:1 во победи. Нагетс беа убедливи на и со 109:94 ги совладаа Хитс, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште една брилијантна партија .

Двократниот МВП оствари нов трипл-дабл со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, со што стана првиот кошаркар ви историјата на НБА финалињата кој забележал вакви бројки.

Покрај Јокиќ, троен ефект за победничката екипа имаше и Џамал ​​Мареј со 34 поени и по 10 скока  и асистенции.

Во редовите на Мајами, Џими Батлер заврши со 28 поени, а Бем Адебајо со резултат 22 поени и 17 скокови, но немаа поддршка од останатите играчи па Хитс мораа да подадат рака на подобриот тим.

И следниот четврти натпревар ќе се игра на Флорида, веќе во петок наутро од 2.30 часот.