Џанис Антетокумпо ќе присуствува на плејофот во турската лига за да го види Костас Антетокунмпо во акција.

Суперѕвездата на Милвоки Бакс, Џанис Антетокумпо е во Истанбул за да го гледа и подржи својот помлад брат Костас, во натпреварите од плеј-офот на Турската лига во кои актуелниот шампион Фенербахче во полуфиналето игра против најголемиот ривал Анадолу Ефес.

Јанис беше на тренингот на Фенер во „Улкер Спор Арената“ на кој се сретна и со неговите соиграчи од грчката репрезентација, Ник Калатес и Тајлер Дорси, како и секторот Итудис кој воедно е и тренер на Фенербахче.

Инаку Костас кој е помлад брат на Јанис и Танасис, во Фенербахче дојде на на средината на сезоната откако претходно потпиша договор со Чикаго Булс во летото 2020 година.

Тој се пријави за драфтот на НБА во 2018 година и беше избран како 60-ти пик од Филаделфија, но веднаш беше разменет во Далас Маверикс .

Првиот полуфинален дуел меѓу Фенербахче и Анадолу Ефес се игра утре, а пласман во финалето ќе обезбеди тимот што ќе оствари две победи.

Во второто полуфинале ќе играат Турк Телеком и Пинар Каршијака.