светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.

Шпанецот во меч од третата рунда. што траеше два часа и 10 минути беше убедлив против Канаѓанецот, Денис Шаповалов кого го совлада во три сета (3:0).

Откако првиот сет го загуби со убедливи 1-6, во вториот во вториот Канаѓанецот со руско потекло Шаповалов пружи поголем отпор, но недоволно да го израмни резултатот, па Алкараз го реши сетот во своја полза со 6-4.

Во третиот топ фаворитот за трофејот во Париз, на противникот му препушти само два гема (6-2), со што го потврди својот пласман во осминафиналето каде ќе се сретне со Лоренцо Музети.

Потсетуваме дека Италијанецот денеска беше подобар од Камерон Нори со 3:0 (6-1, 6-2 и 6-4).