Во недела и во понеделник се игра завршниот турнир во машката младинска конкуренција. Домаќин и организатор ќе биде екипата на Младост. Сите натпревари ќе се одиграат во спортската сала ,,Млаз-Богданци”.

Екипите на Голден Арт, Бутел, Пролет и Младост се четирите тима кои обезбедија учество на овој турнир.

Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Бутел и Тинекс со почеток од 16:30 часот. Овие два тима со талентирани момци, составени од млади и амбициозни ракометари, ќе се натпреваруваат со сите свои сили и вештини да осигураат место во големото финале.

Во другото полуфинале го игра домаќинот Младост против Голден Арт и е закажано во 18:30 часот. Борејќи се за секоја топка и одбрана, овие две екипи ќе се обидат да остварат победа со цел да играат во финалето за титулата.

Од 16:30 часот во понеделник ќе се игра натпреварот за третото место, додека натпреварот за титулата е закажан од 18:30 часот.

МЛАДИНСКА ЛИГА (МАШКИ) ПОЛУФИНАЛЕ
НЕДЕЛА
16:30 БУТЕЛ – ПРОЛЕТ
18:30 МЛАДОСТ – ГОЛДЕН АРТ
ПОНЕДЕЛНИК
16:30 НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
18:30 НАТПРЕВАР ЗА ТИТУЛА

Ивона Кимовска