Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на ИТФ Фјучрсот што се игра Оточец, Словенија за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа во осминафиналето експресно во два сета ја мина Романката, Лавинија Танасе. Тетовката во првиот сет на противничката и препушти три гема (6-3), а во вториот еден помалку (6-2).

Ѓорческа во четвртфиналето повторно ја очекува романска тенисерка, но овојпат далеку по квалитетна.

Имено станува збор за првата носителка на турнирот, Ирина Марија Бара која во својата кариерата има бројни настапи и на гранд-слем турнирите.