македонската женска одбојкарска селекција, по подолг период повторно се враќа на европската сцена, ќе дебитира во Сребрена лига.

Нашите одбојкарки ќе бидат дел од групата А, во која за противнички редоследно ќе ги имаат репрезентациите на Австрија, Летонија и Естонија.

Една од најдобрите наши одбојкарки Тамара Стојанова не го крие задоволството што повторно репрезентацијата ќе има силни натпревари, а водено капитенката на Работнички Скопје, верува дека оваа селекција има потенцијал.

„Секогаш е спортски да се надеваме на успех. Имаме позитивна енергија меѓунас. Добро се познаваме сите.
Добро го анализиравме противникот и веќе знаеме што не очекува.
И секогаш се надеваме на победа и прв успех по толку години“,
вели Стојанова.

Стојанова упати повик до македонската спортска јавност, да им даде поддршка на одбојкарите и да им помогне за успешен старт на настапите во Сребрената лига.

Македонските одбојкарки ќе ги одиграат и првите три натпревари и тоа на домашен терен  почнувајќи од сабота од 20 ч. и 15 минути за кога е закажан дуелот со Австријките.

Влезот на сите натпревари, како на женската така и на машката репрезентација, што ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе биде слободен.