Лина Ѓорческа ќе игра во полуфинале на турнирот во Куршумлиска Бања. Најдобрата македонска тенисерка лесно без поголеми проблеми во четвртфиналната рунда на овој турнир што се игра за награден фонд од 25.000 долари ја совлада Касја Риналдо Персон во два сета.

Тетовката експресно го доби првиот сет препуштајќи и на противничката само два гема (6-2) додека во вториот Швеѓанката даде поголем отпор, но Ѓорческа беше сигурна и го доби со 6-4, а со конечни 2:0 си обезбеди место во полуфиналето.

Ѓорческа која ја има улогата на трета носителка на турнирот во следната рунда ќе игра против Кристина Дину од Романија која со ист резултат 2:0 (6-4 и 6-2) беше подобра од Турчинката, Оз.