Серхио Перез е победник на денешната спринт трка што се возеше низ улиците во Баку, Азербејџан, во рамките на Ф1 шампионатот.

Возачот на Ред Бул, беше побрз од Леклерк од Ферари кој утре ќе стартува од пол-позицијата и актуелниот шампион и негов клупски колега Макс Верстапен од Ред Бул.

Перез до првото место дојде откако од средината на трката го претекна директниот ривал Леклерк од Ферари и со одлично возење до крајот си освои нови 8 бодови во шампионатот. Мексиканецот притоа успеа да извози и најбрз круг на патеката.

Леклерк со второто место освои седум, а Верстапен шест бода. Бодови уште освоија Џек Расел од Мерцедес пет, Саинц освои четири, Алонсо три, Хамилтон два и Строл еден бод.

Возбудлива ќе биде утрешната трка од 13 часот за ГН на Азербејџан во Баку, а од пол позицијата ќе стартува Шарл Леклерк од Ферари пред двајцата возачи на Ред Бул, Верстапен и Перез.

Томислав Атанасовски