Во просоториите на Светската кошаркарска федерација се одржа ждребката за Светското првенство кое оваа година во август и септември ќе се одржи во Филипините, Јапонија и Индонезија.

Според правилата беа извлечени 8 групи, а се чини најизедначена ќе биде групата Е, каде носител е Германија, затоа што Германиците за противници ќе ги имаат репрезентациите на Австралија, Јапонија и Финска.
Интересна ќе биде и пресметката во групата Ц, каде фаворитот број 1 САД, ќе се сретне со Грција на Јанис.
Ждребот беше наклонет кон балканските репрезентации Србија, Црна Гора и Словенија , па и трите селекции добија прилично лесни групи, со што се очекува да ги гледаме и во следната рунда.

Групите за претстојниот Мундобаскет:
Група А: Ангола, Доминиканска Република, Филипини, Италија
Група Б: Јужен Судан, Србија, Кина, Порторико
Група Ц: САД, Јордан, Грција, Нов Зеланд
Група Д: Египет, Мексико, Црна Гора, Литванија
Група Е: Германија, Финска, Австралија, Јапонија
Група Ф: Словенија, Зеленорстки Острови, Грузија, Венецуела
Група Г: Иран, Шпанија, Брег на Слонова Коска, Бразил
Група Х: Канада, Летонија, Либан, Франција

Турнирот стартува на 25 август, а според системот на натпреварување, пласман во главната фаза ќе обезбедат двете првопласирани екипи од секоја од осумте групи, по што ќе се формираат четири групи со по четири репрезентации.во групната фаза првите два тима од секоја група одат понатаму, во главната фаза од четири групи со по четири тима. .

Големото финале се игра на десетти септември во Пасај, Индонезија.