На Мастерсот во Монте Карло, по вчерашната елиминација на тип фаворитот Новак Ѓоковиќ, денеска својот настап и тоа во четвртфинаето го завршија вториот и третиот носител медведев и Циципас.

Во првиот меч од денешната програма, 5-носител Андреј Рубљев во два сета го доби Германецот, Струф и закажа полуфинале со Тејлор Фриц.

Американскиот тенисер беше подобар од вториот носител Гркот, Циципас кого го совлада со 6-2 и 6-4

Два сета му беа доволни и на Холгер Руне. Данецот за 78.минути го доби мечот со Русинот, Данил Медведев, кој беше трето рангиран на овој турнир, а кого го совладаа со 6-3 и 6-4.

Руне за место во финалето ќе се бори со (7) Јанс Синер, кој со 6-2 и 6-2 ја доби италијанската пресметка со (16) Лоренцо Мусети тенисерот кој вчера ја направи сензација елиминирајќи го Ѓоковиќ.