Екипите на Вардар и Гостивар одиграа без голови во дербито од 24.коло на Втората македонска фудбалска лига.

Иако вардарци повеќе од 50-минути имаше играч повеќе сепак црвено-црните не успеаја да ја искористат бројчаната предност и да постигнат гол, па на крајот резултатот беше оној почетниот 0-0.

Откако на стартот двете екипи беа резервирани, како одминуваа минутите вардарци ја преземаа иницијативата.

Првата шанса ја имаше Гостивар, но вардаровиот голман Гачевски одлично интервенираше.

Во 38-та минута гостите останаа со играл помалку откако директен црвен картон заработи Стојан Стојчевски.

Глишиќ се обиде да го искористи слободниот, но неговиот обид заврши неколку сантиметри над голот на гостиварци.

Во последната минута од првото полувреме по корнерот од левата страна со глава биеше Десничќ, но гостинските фудбалери ја отстранија опасноста, па на полувреме се замина со почетниот резултат 0-0.

Во второто. Иста слика на теренот. Вардарци со играч повеќе се обидуваа да стигнат до погодок, но сето тоа беше јалово, или гостинскиот голман Јашар успеваше да ја сочува својата мрежа.

Со овој еден освоен бод Вардар се израмни со Воска спорт на првите две позиции на табелата, но тимот од Охрид утре има можност да избега на +3, доколку ја потврди фаворитската улога против Тетекс.

Гостивар е трет со бод помалку зад водечкиот тандем, а 8 повеќе од четврто пласираниот Пелистер кој утре игра против „фенерџијата“ и отпишаниот Борец.

ТАБЕЛА
1. ВОСКА СПОРТ 56 бодови
2. ВАРДАР 56 (+1)
3. ГОСТИВАР 55 (+1)
4. ПЕЛИСТЕР 47