Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, е поразена пораз од селекцијата на Израел во последното коло од квалификацискиот турнир што се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраничките на селекторот Астрит Мерко беа поразени со 2:1.

Иако црвено-жолтите одиграа добар и борбен натпревар, сепак може да жалат за пропуштените шанси на денешната средба.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Противникот во 52.минута од мечот го отвори резултатот преку Биру.

Лора Сулејмани во 72.минута постигна гол за израмнување на резултатот, но во 83.минута, Биру со својот втор гол ги поставува конечните 2:1 на денешната средба.

Со оваа победа Израелките го освоија првото место во нашата група, а со тоа обезбедија пласман и во Лигата А од квалификациите за ЕП, додека Македонија чека ги чека исходите од другите групи и се надева на пласман како најдобро второпласирана репрезентација