Откако изминатиов викенд беа одиграни средбите од последната рунда во двете групи, познат е и конечниот пласман на екипите во Тратата машка кошаркарска лига.

Екипите на Феникс баскет, Маџари ГБ, Струмица и Младинец од групата А, односно тимовите на Мега Баскет, Тетекс ТТК, Гостивар 2 и Спарта од Б конкуренцијата се осумте што ќе играат во плејофот, односно четвртфиналната фаза во кој се игра на два добиени натпревари, и тоа на 22 и 26 април, и ако е потребно, мајсторка ви е играла на 29 април.

ТРЕТА ЛИГА ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ФЕНИКС БАСКЕТ – СПАРТА
МАЏАРИ ГБ – ГОСТИВАР 2
МЕГА БАСКЕТ – МЛАДИНЕЦ
ТЕТЕКС ТТК – СТРУМИЦА

*во два добиени натпревари