Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска на фјучрсот во Дубровник што се игра за награден фонд од 25.000 долари имаше настап во поединечна и и во конкуренција на двојки.

Заедно со Хрватот Лука Микрут настапуваат како 4.ти носители и се пласираа во полуфиналето откако попладнево ги победија хрватските тенисери Марко Баничевиќ и Кристијан Тумбас Кајго со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4 во гемови). Мечот траеше еден час.

Во поединечна конкуренција во второто коло Ивановски по првиот негов денешен меч загуби од Алдин Сеткиќ со 2-0 во сетови (7:6 (7:5) и 6:2).

Поискусниот противник ја искористи психолошката предност, откако го доби тај брекот во првиот сет за победа во мечот.