Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над словачкиот Татран Прешов со 37-29 во првиот меч од четвртфиналната рунда во СЕХА лигата.

Пелистерци добро го отворија мечот и по 9.минути игра има пет гола предност, за 19-тата и 21-минута да имаат и највисоки +7 (15-8 и 17-10)

Ваквото водство како да доведе до опуштање на битолчани, па на противникот му дозволија на големиот одмор да отиде само со три негатива (17-20).

И во вториот дел, беше „падни-стани“. Пелистер имаше +5, па словачкиот шампион со серија од 4-0 во 49-тата минута дојде и еден негатива 28-27, по што зелено-белите возвратија со иста мерка за водство 32-27. До крајот на мечот пелистерци ја зголемија предноста и на крајот славеа со 8 гола разлика 37-29.

Најефикасен во екипата на Пелистер беше Ненад Костески со 10, додека Хенеберг и Кисум  придодадоа по 8, односно  6 гола.

Реванш натпреварот Пелистер ќе го игра во понеделник, од 16 часот.

За утре закажани се дvе средби Партизан – Веспрем и Нексе – ППД Загреб (од 18 часот), додека во четврток (6 април) македонскиот првак Вардар ја пречекува Војводина (18 часот)