Екипата на ФМП Академија забележа важна победа над Куманово за продолжението на сезоната во Првата машка кошаркарска лига.

На средбата со кое беше заокружено 20-коло, ФМП победата ја најави уште во првата четвртини која ја доби со 10 разлика (29-19), за веќе на полувремето да има огромни +19 (51-32).

Ваквата стекната предност домаќините знаеја да ја сочуваат и на крајот да слават со конечни 88-72.

Најефикасен во победничката екипата беше Црногорецот, Мариновиќ со 19, додека Коскоски придодаде 13 поени, а кај Куманово, Марјановиќ  средбата ја заврши со 24, додека Зивчевиќ реализира 16 поени

Ова е важна победа на ФМП Академија, која како и Куманово, а заедно со Струмица и Чаир ќе разигруваат за опстанок во прволигашката конкуренција.