Петра Квитова се избори за место во финалето на Мастерсот во Мајами. Искусната 33-годишна чешка тенисерка во полуфиналето беше подобра од Сорана Кирстеа.

12-то рангираната ва ВТА листата Квитова по 103.минути игра го доби мечот против 74-тата тенисерка, која беше најпријатното изненадување на турнирот.

Речиси еден част траеше првиот сет кој Китова го реши во своја полза со 7-5, а голема борба се водеше и во вториот кој беше решен уште во првиот гем, во кој чешката тенисерка направи брејк па го доби сетот со 6-4.

Така Квитова се избори за финалето во кое за противничка ќе ја има Елена Рибакина.

Казахстанката важи за фаворитка бидејќи годинава игра во одлична форма. Таа беше финалистка на првиот Гренд слем, Австралија Опен, а пред десетина дена победи и на турнирот во Идијан Велс,