Елена Рибакина против Арина Сабаленка пред два месеци играа во финалето на првиот Гренд слем, Австралија Опен, а сега ќе се сретнат во финалето на Мастерсот во Индиан Велс. 

Ова е епилогот по ноќеска одиграните полуфинални натпревари во женска конкуренција, во кои Белорусинката и Казахстанката во два речиси идентични меча беа подобри од своите противнички. 

Сабаленка која го освои турнирот во Мелбурн во полуфиналето на Индиан Велс беше подобра во два сета со 6-2 и 6-3 ја победи Марија Сикари од Грција. 

Рибакина пак, славеше голема победа над најдобрата светска тенисерка Ига Швојнтек од Полска, совладувајќи ја многу полесно од очекуваното и тоа во двата сета со идентични 6-2 и 6-2. Со оваа победа тенисерката од Казахстан која е актуелно освојувачка на Вимблдон, само потврди дена не случаен беше триумфот над Швојнтек пред два месеци кога ја елиминира во 4.коло на Австралија опен. 

Ќе успее ли Рибакина да и се реваншира на Сабаленка за поразот во Мелбурн и да го освои Индиан Велс ќе видиме по финалето закажано за утревечер во 23 часот.