Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа стартуваше уште еден фјучрс во Франција. Тој денеска во првото коло на турнирот во Поитие за 70 минути игра го победи Метју Вилиам Доналд од Чешка со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4).

Нашиот тенисер имаше четири брејка што беше доволно за триумф над Чехот. Во вкупниот број поени скорот беше 61:47 за Ивановски. Во следното коло во четврток Ивановски, кој е трет носител на турнирот ќе игра против Александре Реко од Франција. Французинот кој е квалификант го победи Николај Вилегзанин со 2-1 во сетови.