Македонската тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше пет места на најновата ВТА објавена денеска. Таа со 309 поени се наоѓа на 218-та позиција. Таа оваа недела ќе има настап на уште еден турнир во Астана, но овој со поголем награден фонд од 60.000 долари. Инаку, Ѓорческа најдобриот ранг го имаше на 12.јуни 2017 година кога беше рангирана на 170.то место.

Од македонските тенисерки ранг има уште и Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1303-то место со 3 поени.

Во ТОП 5 на најновата листа се наоѓаат: Ига Швјонтек, од Полска, Арина Сабаленка од Белорусија, Џесика Пегула од САД, Онс Жабер од Тунис и Каролине Гарсија од Франција.