Барнли и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во четвртфиналето од ФА купот ќе гостуваат кај шампионот на Англија Манчестер Сити. Тоа беше епилогот од ждрепката за оваа фаза од најстарото фудбалско натпреварување. Секако гостувањето на „Етихад“ кај првакот може да биде голема инспирација за Чурлинов и колегите за добар натпревар и евентуална сензација, особено што куп натпреварувањата често знаеле да донесат неочекувани резултати.

Меѓу осумте екипи има четири премиерлигаши, а единствената пресметка е дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам. Ќе има и еден дуел на екипи од Чемпионшип: Шефилд Јунајтед – Блекбурн, а премиерлигашот Брајтон е фаворит против Гримсби (член на Лига 2 – четврто по ранг натпреварување).

Двојки четвртфинале:

Манчестер Сити – Барнли

Манчестер Јунајтед – Фулам

Брајтон – Гримсби

Шефилд Јунајтед – Блекбурн

Натпреварите ќе се играат викендот на 18 и 19.март.