Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Астана што се играа за награден фонд од 40.000 долари.

Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Ана Данилина од Казахстан со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4) за 68 минути игра.

Првиот сет нашата тенисерка го доби на убедлив начин со само еден загубен гем и тоа по убедливиот старт од 3:0 во сетови и сетот го комплетираше со 6:1. Во вториот сет имаше повеќе неизвесност особено што двете тенисерки на стартот од вториот сет имаа по еден брејк.

Вториот брејк Ѓорческа го направи за да поведе со 4:2 во гемови. Најголема борба и неизвесност имаше во 10-тиот гем и последен гем од вториот сет. Нашата тенисерка ја искористи дури 6.та меч топка, а притоа имаше и една двојна сервис грешка на меч топка, а потоа и спаси брејк топка за изедначување на 5:5.

Утре во мечот од второто коло Ѓорческа ќе игра против Ирина Симанович од Белорусија, која денеска во првото коло ја совлада првата носителка Мојука Учиџима од Јапонија со 6:1 во двата сета.