Ракометарите на Еурофарм Пелистер вчера го завршија настапот во Лига Европа со пораз на домашен терен од украински Мотор. Од 10-те натпревари одиграни оваа сезона македонскиот претставник го заврши со шест бодови, но она што секако ги загрижува навивачите и треба да ги загрижува стручниот штаб и играчите со управата е слабиот учинок на домашен терен – само два бода од можни 10.

Резултати на домашен терен: Архус 27:30; Фуксе Берлин 34:43; Бидасоа Ирун 29:29; Агуаш Санташ 27:27; Мотор 25:27.

Резултати на гостински терен: Агуаш Санташ 29:27 (победа); Мотор 33:30 (победа); Бидасоа Ирун 20:32; Архус 22:24; Фуксе Берлин 25:34.

Друг дополнителен момент е што по паузата поради Светското првенство тимот од Битола освои само еден бод, а двете победи ги постигна во првиот дел од сезоната.

Слабите резултати на домашен терен секако немаат оправдување бидејќи салата во Битола секогаш беше добро исполнета и поддршката од навивачите беше секогаш присутна.