Македонската кошаркарска репрезентација славеше убедлива победа на гостувањето во Норвешка 41-79 (12-24, 14-21, 10-15,5-19). Со овој триумф Македонија се пласираше во главата квалификациска фаза на Европското првенство.

Уште од самиот старт, избраниците на Александар Јончевски беа подобар противник па веќе во првата четвртина направија осетна предност од 12 поени (24-12). Предноста растеше за високи +19  на полувреме (26-45).

Македонската репрезентација предводена од Ти Џеј Шортс продолжи во ист ритам и во второто полувреме па ја добија и 3/4 со 15-10.  Предноста продолжи да расте и во последната четвртина, па селекторот Јончевски даде прилика на сите играчи во ростерот, за конечни (41-79)

Најефикасен во нашиот табор беше Ти Џеј Шортс со 22 поени, го следеше Војдан Стојановски со 16. Одличен настап имаше Анфреј Маслинко со 9 поени, а ист број поени имаше и Магдевски.

Квалификациите за ЕП ќе стартуваат во ноември, 2023 година, а ќе завршат во февруари 2025 година.