Поразот од Словачка во Левице (82:73) прави дополнителен притисок на нашата кошаркарска репрезентација, која сега е во ситуација брка победа на гостувањето кај Норвешка во недела.

Еден од поискусните во нашиот состав Бојан Крстевски веќе е фокусиран кон она што претстои, гостувањето во Осло.

„Сите овие случувања во Левице го оставаме зад нас. Впрочем и немаме многу време за анализа, уште помалку за одмор. Имаме и долг пат пред нас до Осло. Би сакал да ја повториме доминантната игра против Норвешка од натпреварот во Гевгелија и да се радуваме на пласман во квалификациите. Мислам дека го заслужуваме тоа“ – вели Крстевски пред тргувањето за Осло,

Неделниот дуелот со Норвешка, која по вчерашниот пораз од Данска ги загуби шансите за првото место, ќе се игра во терминот од 18 часот, а во прилог ни оди тоа што претходно (15.30 часот) својот натпревар ќе го одиграат Данска и Словачка.

Евентуален пораз на Словаците ќе значи и сигурно прво место на Македонија, без разлика на исходот во Осло, во спротивно победа на Словачка не носи во ситуација да мораме да победиме во дуелот со Норвежаните