Со натпреварот што ќе се игра попладнево, а во кој актуелниот шампион Вардар ќе го пречека тимот на Бутел Скопје ќе биде отворена третата рунда во ракометната Супер лига во двете конкуренции.

Покрај овој меч од групата за разигрување за титулата, утре на програмата е „братската пресметка“ во Битола, додека во недела во Кавадарци гостува Охрид, а по двата гостински натпревари конечно Алкалоид ќе го одигра првиот меч во својот нов дом Автокоманда.

Претстојниот викенд се играат и средбите за опстанок во елитната конкуренција.

Сите натпревари може да ги следите на Youtube каналот на РФМ
или со едноставен клик овде на дуелот кој сакате да го гледате.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈ ОФ– КОЛО 3
24.02.2023 – ПЕТОК
18:30 часот РК ВАРДАР 1961 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
25.02.2023 – САБОТА
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

26.02.2023 – НЕДЕЛА
19:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – ГРК ОХРИД

19:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК ПРОЛЕТ 62

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈ АУТ – КОЛО 3
25.02.2023 – САБОТА
17:00 часот РК ЈУНИОР К.В – РК РАДОВИШ
18:30 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК СКОПЈЕ 2020
26.02.2023 – НЕДЕЛА
15:00 часот РК ПРИЛЕП – РК СТРУГА

18:00 часот МРК КУМАНОВО – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7