Откако минато неделниот осминафинален дуел во Лига Европа, меѓу Ајакс и Унион Берлин заври без голови 0-0 со вкупно три шута кон гол, овојпат реванш одигран во Берлин, беше поразличен и беа четири гола. Победа со 3-1 славеше германскиот тим кој оди во следната рунда.

Домаќинот поведе во 20 минута со голот на Јурановиќ од белата точка.

По страшна грешка на Рули, Јурановиќ во 44.минута го зголеми водството.

„Голеадата“ не заврши тука во првото полувреме. Кудус заби еден гол во мрежата на Роноу по асистенција од Бергвејн и му даде надеж на Ајакс намалувајќи на 2-1.

Таа радост кратко траеше бидејќи домаќинот го зголеми своето водство и го затвори мечот со голот на Доехи по само пет минути игра во вториот дел (50), што се покажа и како конечен резултат на мечот 3-1 за Унион Берлин.