Во фудбалската Конференциска лига синоќа беа одиграни првите средни од шеснаесетина финалето, кои донесоа интересни натпревари, големи возбудувања и многу голови. 

Но, еден момент секако остави голем впечаток на целокупната европска па и светска спортска јавност.

На натпреварот меѓу Трабзонспор на нашиот репрезентативец Енис Барди и швајцарскиот тим  Базел, а навивачите на турскиот тим направија неверојатна кореографија.

Сликата која го обиколи светот и со право е на насловните страни на сите медиуми, ја претставува  пожртвуваната борба на спасувачите од целиот свет  во трка да се времето, да сo спасат што е можно повеќе човечки живото, по катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција и Сирија. 

Фановите на Трабзонспор, искажаа благодарност, не само од свои име туку и од целокупниот турски народ, за напорите што се прават да се спасат што е можно повеќе човечки животи.