Претстојното лето Скопје, ќе биде домаќин на две младински европски кошаркарски натпреварувања.

Првото ќе се одржи од 7 до 16 јули, а ќе биде турнирот во Б дивизијата за младинци, односно кошаркари до 20 години.

На вториот, турнир што е планиран за периодот од 5 до 13 август, ќе играат кадетите кошаркарите до 16 години и тоа во најсилната конкуренција односно А дивизијата.

Македонската кадетска селекција ќе има исклучително тешка група во која за противници ги доби врсниците од Франција, едни од главните претенденти за златото, секогаш силната Литванија која е редовен учесник на ваквите натпреварувања, како и селекцијата на Белгија која во последните години потврдува дека во младинската кошарка вложува многу, па оттаму Белгијците можат да се пофалат и со одлични резултати.

Познати се и противниците на јуниорите. Репрезентацијата до 18 години ќе игра во Б дивизијата на првенството вo португалскиот град Матосињос, од 21 до 30 јули, и тоа во групата А, во која за противници ќе ги има селекциите на: Австрија, Исланд, Велика Британија и Норвешка.

Младинската репрезентација на Македонија (У20) ќе игра во Скопје, од 7 до 16 јули, исто така Б дивизијата. Противници на нашите младинци во А групата ќе им бидат селекциите на Чешка, Бугарија, Словачка и Ирска.

Ждрепката може да да следите во ЖИВО ОВДЕ.