Ракометарите на Еурофарм Пелистер попладнево ги продолжуваат натпреварите во во ЕХФ Европската лига. Битолчани имаат ново тешко гостување во Данска кај составот на Скандерборг Архус.

По двата врзано порази на стартот на СЕХА лигата, на гостувањата кај Војводина и Нексе, зелено-белите ќе имаат тешка задача да извлечат поволен резултат (останат не поразени) во дуелот со екипата која е на шестото место во данскиот шампионат.

Поразот од претпоследно рангираната екипа во претходната рунда не треба да даде лажна надеж, бидејќи во данскиот шампионат секој секого може да победи, смета тренерот на пелистерци Ларс Валтер.

„Околу 30% од головите ги постигнуваат од контра напади и не треба да ги правиме истите грешки како на последните два натпревари. На тренинг напорно работиме да ги сведеме на минимум техничките грешки. Тоа ќе го направите само ако го следите тактичкиот план и баш тоа се обидуваме да го сториме“, вели Ларс Валтер тренерот на битолчани.

Јасно е дека Скандерборг важи за апсолутен фаворит во мечот со Еурофарм Пелистер, но ќе мора да го сочекаме крајот на мечот за да видиме кој ќе биде конечниот епилог.

Натпреварот од 7.коло во Д групата на ЕХФ Европската лига меѓу Скандерборг Архус и Еурофарм Пелистер на програмата е утре со почеток од 18:45 часот.

Во истиот терми играат лидерот на табелата Фуксе Берлин и Мотор Запорожје, додека средбата меѓу Агуас Сантас и Бидасоа Ирун ќе започне од 20.45 часот.

На табелата прв е Фуксе Берлин со 12, пред Скандерборг со 8 и Бисасоа со 7 бодови, додека Е. Пелистер ер на четвртото место со 5 бодови. Зад него се Морор Запорожје со 3 и Агуас Сантас со само еден освоен бод.