На Светското клупско првенство што се одржува во Мароко, вечерва на програмата е првиот полуфинален натпревар.

Првакот на Азија, Ал Хилал од Саудиска Арабија, ќе го предизвика јужно-американскиот шампион Фламенго.

Традицијата, квалитетот, а со тоа и улогата на фаворит е на страна на бразилската екипа.

Овие два тима во 2019 во Катар исто така играа во полуфиналето, меч во кој Фламинго славеше со 3-1, но подоцна во финалето бразилскиот тим да загуби од Ливерпул со 1-0.

Утре (7 февруари 20 часот), на програмата е второто полуфинале во кое европскиот шампион Реал Мадрид ќе треба да ја потврди фаворитската улога во дуелот со Африканскиот вице-првак Ал Ахли од Египет.

Натпреварите од Светското клупско првенство може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.