Македонскиот претставник во СЕХА лигата битолски Еурофарм Пелистер претрпе нов пораз во вториот натпревар од оваа сезона. На гостувањето кај хрватскиот тим Нексе битолчани загубија со 29:25 (15:12). Еурофрам следните дав дуела од СЕХА лигата ќе ги одиграат на домашен терен следниот месец против Воводина и Нексе.

Дуелот почна со водство на домаќинот, а последен пат беше нерешено 6:6 по 15 минути игра. До крајот на првиот дел Нексе се обидуваше да направи поголема предност, но дури во 28.минута повде со 15:10. На почетокот на вториот дел домашните поведоа со 23:16 што беше и највисоко водство. Пелистер со серија од 5-0 ја врати неизвесноста, но тоа беше се што сторија битолчани на овој натпревар. Домашниот тим со сигурна игра ја задржа предноста до крајот на натпреварот.

Најефикасен на дуелот беше Иван Сршен со 6 голови од 7 обиди од Нексе, додека кај Еурофрам Пелистер Мирко радовиќ имаше 5/5. Голманите на битолчани немаа „свој ден“ Чесјак имаше 1 одбрана, а Кизиќ 5. На спортивната страна Кузмановиќ имаше 8 одбрани, а Цар 6.

фото: seha-liga.com