Најдобриот македонска тенисер Калин Ивановски експресно обезбеди пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот што се игра во Монастир, Тунис, со награден фонт од 15.000 долар.

Калин која ја има улогата на прв носител на овој турнир, во осминафиналната рунда за противник го имаше полскиот тенисер Олаф Пјечковски кого го совлада во два сета.

Во првиот на противникот му препушти два, а во вториот само еден гем и го доби мечот со 6-2 и 6-1.

Во четвртфиналето Ивановски за противник ќе го има францускиот тенисер, Артур Букуле.