Репрезентација на Македонија до 21 година, предводена од Драган Канатларовски ги дозна противници за претстојните квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година во Словачка.

НА ждребот ви Лион утрово се извлекоа деветте квалификациски групи, а Македонија ќе се натпреварува во Ц групата. Носител во групата Ц е Холандија а момците на Драган Канатларовски покрај холандија, ќе се соочат и со Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар.

Квалификациите стартуваат во март, а ќе траат до октомври следната година. Победниците на групите и трите најдобри второпласирани одат директно на завршниот турнир. Останатите шест репрезентации кои ќе бидат втори во групите ќе играат за пласман на континенталниот собир.