Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски постигна погодок за Абердин во натпреварот против Сент Мирен со што стави крај на црната серија од осум натпервари без погодок во Шкодската Премиерлига
Последниот погодок на Миовски беше уште во Ноември, а денес конечно успеа да ја прекине лошата серија откако во 74-тата минута мирно реализираше од белата точка за израмнување на натпреварот на 1-1.
За жал Абердин не успеа да издрже до крај и повторно загуби, овој пат на домашен терен од екипата на Сент Мирен со 1-3.
Ова е трет пораз по ред за Абердин во Шкодската лига, а дури седми на последните 10 натпревари, лоша серија која од врвот на табелата го оденесе Абердин во зоната која за Плеј аут.