Реал Мадрид доживеа тежок пораз на гостувањето кај Мајорка со 2:1 и значително се оддалечи од титулата во Ла Лига.

Арбелоа мораше да ротира поради суспензијата на Валверде и одморот на Винисиус, па Мбапе доби шанса од старт. Французинот имаше две големи прилики, но голманот Роман блескаше. Реал создаде уште неколку обиди преку Ридигер и Чуамени, но без ефект. Затоа Морланес го отвори резултатот во 41-та минута.

Во второто полувреме Арбелоа внесе Милитао, Белингам и Винисиус за тотална офанзива, но тимот остана безидеен. Единствена светла точка беше голот на Милитао по корнер во 87.минута. Сепак, Муриќи во последните секунди ја казни слабата одбрана на Реал и донесе голема радост за домашните со погодок за конечни 2:1.

Мајорка освои бодови вредни „злато“ во борбата за опстанок, додека Реал го губи чекорат со Барселона. Лидерот Барса вечерва ќе игра против Атлетико Мадрид, па доколку победи каталонската екипа ќе се одлепи на +7 бодови и ќе биде поблиску до титулата.