,,Црвените Ѓаволи” со втора победа над Нотингем Форест (2-0) и вкупен резултат од 5-0 се пласира во финалето на Лига Купот.

Капиталната предност од првиот натпревар му овозможи на Тен Хаг да излезе со комбиниран состав на вечерашниот натпревар, а истото веројатно се одрази и на ефикасноста на натпреварот.

Мрежите мируваа до 73-тата минута кога Ентони погоди за 1-0, а а три минути подоцна Фред ги постави конечните 2-0.

Во финалето на „Вембли“, Манчестер Јунајтед за противник ќе го има тимот на Њукасл.

За Манчестер Јунајтед оваа финале е прва можност за титула по пауза од 6 години, кога последниот трофеј ,,Црвените Ѓаволи” под водство на Жозе Мурињо го освоија трофејот во Лигата на Европа.