Екипите на Атлетико Мадрид и Барселона го одиграа првиот од трите натпревари кои овие два тима ќе ги имаат за 10 дена. Овој во Мадрид беше првенствен во шпанската Ла Лига, а во рамките од 25-тото коло.
Она што се очекуваше, тоа и го понудија двете екипи. Голема борбеност, жестоки дуели, голови и црвен картон. Дуелот со три гола го реши Левандовски во последните минути, а Барса славеше со 1-2.
А, почна добро за домаќините кои во 39.минута со голот на Џулиано Сименоне, Атлетико поведе со 1-0. Но, радоста на домаќините не траеше долго. Само три минути подоцна (42) Рашфорд израмни на 1-1. Но, маката на Атлетико дополнително се зголеми во седмата минута од судиското дополнение кога Гонзалез заработи црвен картон. Среќа, прекршокот беше сентименти надвор од казнениот простор, па немаше пенал за Барселона.
На стартот на вториот дел главниот судија Бускетс едноставно се изгуби. На Џерард Мартин од Барселона децидно му покажа црвен картон. Сепак по сугестија од ВАР собата и прегледувањето на снимката таа одлука ја поништи. Фудбалерот на Барса доби само жолт картон.
Гостите од Барселона беа поактивен и напаѓачки ориентиран тим. Притисокот кон голот на домаќините резултираше со гол во завршницата. Се играше 87.минута кога топката случајно дојде до Роберт Левандовски, а Полјакот ја смести во мрежата на домаќините за победа на Барса.
Со новите три бода и вкупно 76, Барселона сега има седум бодови од единствениот ривал за трофејот Реал, кој денеска загуби на гостувањето кај Мајорка со 2-1.
Веќе во среда, на „Камп Ноу“ Барселона и Атлетико Мадрид ќе го играат првиот меѓусебен дуел во четврт-финалето на Лигата на шампионите.




































