Ѕвезденниот тим на ПСЖ очекувано лесно се справи со Монпеље на гостински терен совладувајќи го со 1-3, победа со која ја зголеми предноста во однос на конкурентите.

Избраниците на Галтиер тргнаа фуриозно во натпреварот а истото резултираше со пенал за ,,Светците” во седмата минута од натперварот. Меѓутоа истиот не донесе предност со оглед на тоа што Мбапе беше непрецизен од белата точака. Судиите поради недозволена игра од домашните играчи го повторија пеналот, но Мбапе беше непрецизен и во вториот обид

Радост во редовите донесе и Лео МЕси во 35-тата минута, но истата ја расипа ВАР, откако реагираше поради офсајд. А ВАР ја расипа радоста и на Хакими во 52-та минута од натпреварот кога повторно се огласи поради офсајд.

Фабиа Руиз го постигна третиот гол за ПСЖ на вечерта, но овој пат се беше регуларно и ,,Светците” во 55-тата минута имаа предност од 0-1.

Во 72-та минута, Лео Меси повторно стрелеаше на асистенција на Руиз, ВАР покажа дека е се регуларно, со тоа ПСЖ имаше сигурна предност од 0-2.

Домаќините преку Нордин во 89-тата минута се вратија во мечот, но три минути подацна Емери Варен повторно погоди за ПСЖ за конечни 1-3.

Со оваа победа ПСЖ ја зголеми предноста во однос на конкурените со оглед на тоа што второпласираниот до оваа коло, Ленс, загуби на домашен терен од Ница со 0-1.